Белградските џезери „Fish in Oil“ утре настапуваат на поткровјето во „Јавна Соба“.

Џез групата Fish in Oil е предводена е од Братислав Браца Радовановиќ, кој е лидер и композитор. Братислав се занимава со музика уште од раните деведесетти години со музичките истомисленици во Приштина. Потоа Fish in Oil се собира во Белград каде и продолжува да работи само авторска музика, и созрева во сосема дефинираниот, но и исклучително разновидниот композиторски израз на Радовановиќ.

Fish in Oil се појавуваат и на етно и други фестивали како (Балатон), Street food (Темишвар, Клуж-Напока), градските летни (Загреб, Чачак, Шабац, Крагуевац) и разни други фестивали, а покрај фестивалските настапи тука се и неброени клупски настапи во земјата и во странство, меѓу кои и Прага, Минхен, Париз, Виена.

Покрај повеќето национални џез-фестивали (БЏФ, Нишвил, Нови Сад, Панчево, Крагуевац…), учествуваа и на престижните регионални џез-фестивали: Сараево џез-фестивал, Љубљана џез-фестивал, Гарана, Темишвар, Балатон, Церкно, Синѓеорз Беј, Цетиње, Подгорица, Котор, Прилеп… како и на Jazzy Colours фестивалот во Париз.

Актуелната постава ја сочинуваат: 
Братислав Радовановиќ – гитара; 
Ѓорѓе Кујунџиќ – саксофон; 
Бранислав Радојковиќ – контрабас, ел. бас-гитара, 
Феѓа Франклин – тапани; 
Александар Радојчиќ – удиралки.
Fish in Oil сними и објави пет студиски албуми:
Полуостров (СКЦ Крагуевац, 2012), Дрнч (Маском, 2013), Три клуча (Метрополис џез, 2016) – двојно ЦД, Сè ќе биде во најдобар ред (Метрополис џез, 2018),Басамак (Грамофон, Сараево 2022)

Од значајните домашни и странски имиња настапувале и снимале со Марк Рибот, Бојан Зулфикарпашиќ, Матија Дедиќ, Џијан Емин и Георги Шарески, Васил Хаџиманов, Јелена Попржан, Ирина Карамарковиќ, Милош Николиќ, Лука Игњатовиќ, Војно Диздар и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.