Џенифер Лопез наводно во мај ќе пристигне во Белград, а познатата пејачка била поканета на приватната прослава на српски милионер, пишува Нетпрес.

Латино дивата ќе биде на приватна забава на бизнисмен кој за тоа наводно платил 200.000 евра.

Овој српски бизнисмен и претходно организирал забави од овој тип, на кои присуствувале познати личности.

„На забавата е предвидено Џенифер да биде два часа. Сè е договорено преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости. Познато е дека таа слетува на аеродром околу 18:00 часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата е потребно еден час возење. Таму ќе остане околу час или два, по што ќе се врати во Америка. Нејзиниот тим не побара дополнителни услови, освен медиумите да не присуствуваат на настанот и гостите да не ја вознемируваат со разговори. Со неа нема да биде нејзиниот сопруг Бен Афлек, тоа е сигурно. Сите други детали за нејзиното доаѓање ќе бидат познати пред нејзиното доаѓање“, изјавил извор српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.