Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени…
Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено.
Овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката пред платото на МОБ на 18 јуни.
Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна…
Доста беше од корона, карантини и слично. Време е да се вратиме на оној „стариот“, но добар живот, каде што никој никому забранува да пее и да се смее на глас. Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика, велат популарните девојки од Војводина.
Организаторите на овој настан – „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.
Публиката во Македонија ги обожава овие девојки и она што тие го прават. Интересот е преголем, а ние може да ветиме одлична музичка вечер, велат од продукцијата.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com – како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.