За проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.
Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару.
Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски DJ Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.
Меј настапи за празникот и во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во режија на „Баланс“ во Античкиот Тетар во Охрид заедно со македонската Филхармонија и под диригентската палка на врвниот Џијан Емин. На уникатната музика и визулено шоу сведоци беа неколку илјади посетители кои речиси до последно место го исполнија Античкиот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.