Со емотивна порака и стара заедничка фотографија Здравко Чолиќ му испрати последен поздрав на Бора Ѓорѓевиќ.

Бора. Нашиот добар Бора. Голем уметник кој замина прерано. Работевме и се дружевме над 45 години. Првата песна што ја напиша за мене беше „Продужи даље“, а се сеќавам дека тоа беше всушност првата песна што ја напиша за некој друг, а не беше за неговиот бенд. Што може да се каже за неговите текстови, за неговите песни. Уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе не потсетуваат на Големиот Бора! Ти благодариме за сè! Секогаш ќе бидеш во нашите срца – напиша Чолиќ во својата емотивна објава приложувајќи стара фотографија со Ѓорѓевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Бора ќе биде погребан во родниот Чачак, како што самиот сакал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.