Овој петок 08.03 од 21:00, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), ќе се слават достигнувањата на жените низ историјата со посебна програма подготвена од Џијан Емин.
На репертоарот се најзначајните и најпопуларните џез стандарди од историјата на џезот, нотирани и забележани во книгата која што е тестамент на оваа значајна ера од музичката историја – The Great American Songbook.
Очекуваме на оваа концертна сесија стандардниот репертоар да стане не-толку-стандарден преку аранжманските и импровизациски идеи кои ќе ни ги претстават:
Џијан Емин – вокал
Иван Иванов – тенор саксофон
Гордан Спасовски – пијано
Кирил Туфекчиевски – контрабас
Виктор Филиповски – тапаниДел од репертоарот се: Angel Eyes, How Insensitive, A Love Supreme, A Night In Tunisia, My Favourite Things, Caravan, It Don’t Mean A Thing…, информираат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.