Познатиот пејач Брус Спрингстин ги одложи сите свои настапи во септември бидејќи мораше да се лекува од пептичен улкус, односно рани на слузницата на дигестивниот тракт. Веста беше објавена во изјавата на пејачот на социјалните мрежи, во која се вели дека докторите го советувале да одмори од настапите до крајот на месецот за да се фокусира на своето здравје.

Овде во „E Street“ ни се крши срцето што мораме да ги одложиме овие настапи. Прво, им се извинуваме на нашите прекрасни фанови во Фили кои ни недоистасуваа пред неколку недели. Ќе се вратиме за да ги собереме тие настапи, а потоа и некои други. Ви благодариме за вашето разбирање и поддршка. Се воодушевивме на нашите концерти во САД и се радуваме на уште прекрасни времиња. Ќе се вратиме наскоро“ – напиша Спрингстин во својата изјава.

Според најавите неговата турнеја треба да продолжи на 3-ти ноември во Ванкувер, но сѐ ќе зависи од тоа каква ќе биде здравствената состојба на пејачот.

Спрингстин и Е Стрит Бенд ја започнаа својата турнеја на 1 февруари оваа година во Тампа, Флорида. Оттогаш тие свиреа низ цела Северна Америка и Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.