Фронтменот на „Ју ту“, Боно Вокс на својот концерт во Лас Вегас зборуваше за борбата за слобода, а потоа му оддаде почит на неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Пред да ја отпее песната „Don’t Dream It’s Over“ од „Crowded House“, Боно зборуваше за борбата за слобода, пренесуваат светските медиуми.

– Следната недела ќе се навршат две години откако Путин ги нападна и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ – рече тој.

– Следна ќе биде Полска, следна Литванија, Источна Германија. Кој знае каде ќе оди овој човек или не. За овие луѓе слободата не е само збор во песна. За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот. Толку важно што Украинците се борат и умираат за тоа. И толку е важно што Алексеј Навални се откажа од својата – заклучи тој.

– Наводно, Путин никогаш, ама баш никогаш не би го изговорил неговото име. Така помислив вечерва, луѓето кои веруваат во слободата мора да го кажат неговото име. Не самода го запомнат туку и да го изговорат – рече Боно, водејќи ја толпата во скандирање на името „Алексеј Навални“ со почетните акорди на песната на „Crowded House“.

Боно и претходно ја поддржуваше Украина. Тој и гитаристот Дејв Еванс настапија во мај 2022 година на метро станицата Khreschatyk во Киев.

Станиците на метрото често се користеле како засолништа за бомби во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.