Македонското блуз дуо „Ин д муд“ (In The Mood) со промоција во живо на EP-то „Breeding ground for blues“ ќе настапи на годинашниот јубилеен 5. „Котон блуз фестивал“.

Основани од Сашо Ѓорѓевски и Никола Џими Петровски во Скопје, „Ин д муд“ овој ноември прославуваат 15 години постоење.

Дуото има преку 4.000 настапи низ Македонија, но и на фестивали во Хрватска, Бугарија, Албанија и други клупски настапи низ Европа.

На денот на фестивалот, ќе бидат достапни и примероци од EP-то.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.