Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.

„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.

„Стоунс“, пак, имаат само една номинација – за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.

Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.

Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 – 7 номинации.

Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, САД.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.