Белградска дискографска куќа објави сингл со песна испеана на македонски јазик. Насловот на песната е „Отвори го прозорецот“, а издавач е дискографската куќа Попдепресија. Автор на музиката и текстот е македонскиот поет Јовица Ивановски. Песната е напишана далечната 1994. а облечена е во ново руво од белградскиот музички состав Ема & Џими, потпомогнат од Јулија Костелучи со нејзиниот извонреден вокал.
Видеото е достапно на Јутјуб, аудиото на бендкамп, а од средината на јануари и на сите дигитални платформи.
Спотот е дело на Јулија Кастелучи и е своевиден омаж за Скопје. Ема (Емилија Ѓорќевиќ) е член на групата КОИКОИ, Џими (Никола Мијушковиќ) на групата Турбо Транс Туристи, и ова им е трет заеднички проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.