Легендарниот музичар Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, почина во болница во Љубљана на 72-годишна возраст.
Оваа вест ги потресе сите оние кои го познаваа, ја сакаа неговата музика, а израснаа со групата „Рибља Чорба“.
Сега од него се прости и музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага.
Кога ја слушнав веста утрово, навистина ме погоди. Го нема Бора, голем поет, музичар и мој пријател. Знаевме дека е болен… Меѓутоа, Бора веќе неколку пати поминал низ нешто слично. Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега. Тој остави голем белег во поезијата и рок музиката. Многу ќе ми недостига, вели Бајага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.