Сашо Ѓорѓевски и Никола Петровски, попознати како блуз дуото „In The Mood“, го почнаа одбројувањето до објавувањето на нивниот авторски деби-албум.
По насловната нумера, која го носи истиот наслов како и претстојниот албум „Breeding ground for Blues“, следуваше „Little to be Happy“, за деновиве на дигиталните плаформи да се појави и нивнот трет сингл, „She“.
Песните може да се слушнат на „Јутјуб“ каналот на „In The Mood“, како и на низа други платформи како „Спотифај“ (Spotify), „Епл мјузик“ (Apple music), „Ајтјунс“ (Itunes) и сл.
Песните од нашиот претстоен албум се производ на паузата од свирките што ни ја наметна самата пандемија, кога бевме принудени да седиме дома. На тој начин по долги години свирење преработки, сега во репертоарот конечно имаме и песни кои можеме да ги наречеме наши – вели гитаристот Никола.
Дуото „In The Mood“ постои од 2009 година и со преку 3.000 настапи низ локалите во Македонија, но и низ Балканот, веќе и е добро познато на публиката, пред се на љубиталите на блуз и рок енд рол музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.