Од 11 до 13 септември ќе се одржат аудиции во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ (населба Аеродром), за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание „Поточиња 2025“.
Идните Поточиња ќе биде потребно да отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца, вели организаторот.
Аудицијата ќе се одржи во наведените три дена (11.-13.09.2024) во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место. Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.