Еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ќе се исполни на 3 март, кога и официјално ќе го претстави нејзиниот прв албум. Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена.

На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов.

Промоцијата на албумот ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „Скопје Сити мол“, каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните.

Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001″ и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број, порачува младата ѕвезда.

Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младиот Леонид Индов.

Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот, вели Гиговска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.