На 17-ти март, во Скопје ќе гостува популарната група „Амадеус бенд“, кога ќе ја промовира новата песна и видеоспот за „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан.
„Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи
во целиот регион ја закажа промоцијата за 12 часот напладне во ресторан „Дион“ – ГТЦ.
Во присуство на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од корона.
Истата вечер, со почеток во 20 часот „Амадеус“ во ресторанот ќе имаат концерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.