Волшебен глас и волшебна насмевка го одликуваат младиот Ајдин Османовиќ, од Сребреник, Босна и Херцеговина, напиша на својот фејсбук профил Пендаровси кој денеска се сретна со малиот Ајдин Османовиќ.
12 годишниот Ајдин фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни. Меѓу омилените му се „Јано мори“, „Македонско девојче“, „Зајди Зајди“, „Јовано Јованке“. Вели дека не му е тешко да пее на македонски, иако не му е мајчин јазик. Ајдин поседува талент кој несомнено ќе му донесе големи успеси.
Со големо задоволство изразувам искрена благодарност за времето и исклучителното признание што ни го дадовте за нашиот придонес во зачувувањето на македонското традиционално народно творештво, стои во пораката што Јасмин Брашњиќ, професорот на Ајдин ја упати преку социјалните мрежи.
Вашиот гест не само што ни е исклучително важен и ценет, тој всушност претставува голема чест за нас, но и за целата уметничка заедница.
Со малиот Ајдин се обидовме да ги оживееме тие прекрасни звуци и мелодии. Преку нашето уметничко творештво сакавме да ја пренесеме душата на македонската народна музика насекаде низ светот, привлекувајќи го вниманието на младите генерации и на тој начин поттикнувајќи ги да го ценат ова единствено културно наследство.
Моето задоволство е поголемо затоа што вие како прв човек и еден од ретките навистина ја препознавте важноста од зачувување на традиционалното народно творештво.
Македонија може да се гордее со вас, бидејќи ја чувствувате и ја сфаќате традицијата како клучен аспект за зачувување на културниот идентитет на вашата убава земја.
Вашето признание создава обврска за Ајдин и мене, која со задоволство ќе ја прифатиме, преку песната да го зачуваме духот и богатото нематеријално наследство на вашиот народ, стремејќи се тоа никогаш да не биде изгубено и заборавено.
Во име на малиот Ајдин и во мое лично име, можам да ви ветам дека ќе ја продолжиме нашата мисија, по патот што го трасираат големите уметници пред нас.
Денешниот ден и вашиот гест за нас претставуваат искуство кое е тешко да се опише со зборови.
Искрено ја очекувам соработката со Владата и другите релевантни институции, уметниците од вашата земја, за заедно да обезбедиме континуитет на виталноста на вашата традиционална уметност.
Ви благодариме повторно за ова извонредно признание. Горди сме што можеме да бидеме дел од зачувувањето и промовирањето на традиционалното народно творештво во вашата прекрасна земја.
Верувам дека заедно, со ваша поддршка, можеме да создадеме голема иднина за културното наследство, кое го дефинира идентитетот што ја прави Македонија единствена на европскиот континент.
Сашко Митовски некаде горе, сето ова одамна е составено. Вашето име и #КриваПаланка ќе останат засекогаш во нашите срца.
Ајдин Османовиќ Јасмин Брашњиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.