Најавениот концерт на музичката ѕвезда Лени Кравиц во Охрид ќе го отвори младата Девон Рос, инди, рок и панк артистка, која е и ќерка на Крег Рос, главниот гитарист на Кравиц.

Гитаристот Рос, исто така, е еден од авторите на повеќе хитови на Лени.
Девон пак, е позната по специфичниот вокал, но и по способноста со модерен пристап да ја евоцира енергијата на раните години на панкот. На концертите таа настапува со својата Фендер Мустанг гитара.

Уникатен глас кој го пробудува духот од раните години на панкот, но со дистинктивен модерен призвук, Devon Ross претставува модерна комбинација на
Siouxsie And The Banshees, Patti Smith и Sonic Youth, порачуваат од Авалон Продукција, во чија организација е концертот кој ќе се одржи на 4-ти август на СРЦ Билјанини извори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.