После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.
После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.
Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.