Вечерва, со почеток од 21:30 часот, во Котур ќе може да уживате во концертот на скопскиот бенд JUNE (ЏУН).

Целата работа околу Џун е ентузијазмот на луѓето кои свират во бендот и тоа што сите ја сакаат музиката како воздух и вода. Бендот е основан во Скопје во 2010 година оставајќи значеаен белег на македонската музичка сцена носејќи свежина, свирејќи емотивни мелодии и раскажувајќи искрени приказни. Нивната музика е мешавина од инди – поп и софт – рок зачинета со кантри и фолк. Досега имаат издадено три албуми „Someday Soon“ (јуни 2012), „Indian Summer“ (декември 2014) и „Living for the Weekend“ (март 2017), а го подготвуваат својот нов, четврти албум.

 

Членови на бендот се:
Бојана Низамовска: Вокал и гитара
Филип Арсов: Вокал и гитара
Данчо Поповски: Бас
Јане Трајковски: Гитара
Дарио Циевски: Тапани

Билети: 200 денари во претпродажба од барот на @koturkafeifilm и 300 денари на денот на концертот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.