Во четврток, 14 март 2024 година во Public Room во Скопје, со почеток од 21:00 часот свој концерт ќе одржат Cruel ft. Red18.

Cruel е алтернативен рок бенд од Скопје, кој во 2019 год се реоформи токму во Јавна соба за првото изданиe на фестивалот Андерфест. Оттогаш креира свежа македонска рокенрол музика со примеси на гранџ, пост панк, инди. Во 2022 го издадоа албумот “Подобар свет” и на публиката им се претставија со сингловите “Ова сум јас” и “Се ќе помине”. Подготвуваат нов материјал, кој за прв пат ќе биде претставен во живо на oвој концерт.

 

Red18 се бенд од Скопје кои кон крајот на 2022 год самостојно го издададоа деби албумот “Red18’s Grit” и со тоа веднаш станаа актуелни кај помладите генерации. Главниот концепт на беднот е експериментирање со алтернативни жанрови и премногу енергија на бина. Нивната нова песна “Единствен” моментално е на сите радио топ-листи, а издавањето на ЕП “Игра” е во тек.

Билетите се по цена од 200 денари и може да се набават онлјан на www.drugastrana.mk/event/cruel
Билетите на влез ќе чинат 250 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.