Во петок, на 9 февруари 2024 година, во Социјалниот центар Дуња, со почеток во 21:00 часот, ќе може да го проследите концертот на скопскиот бенд „Раздор“.
РАЗДОР се дум ритуали.
РАЗДОР е визуелна поезија.
РАЗДОР е сонична слика.
РАЗДОР е обредно прочистување на валканиот скопски воздух.
РАЗДОР е вашиот спас.
Ќе богослужат Кристијан Новковски и Дени Омерагиќ. (ќе биде гласно)
2023 беше година на мирување за РАЗДОР, додека нејзините членови беа насочени кон работата на СВЕТЛОСТ и СТРОГ ПОСТ – другите групи во кои овој пар делува.
На концертот ќе можат да се набават последните албуми на СВЕТЛОСТ и СТРОГ ПОСТ, се вели во објават од организаторот на овој настан.
Влезот е со препорачана донација од 150 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.