Вечерва во клубот Везилка во Битола, со почеток од 21:00 часот ќе може да уживате во концертот на Флукс и Sun Shift.

Флукс – легендите кои веќе 30 години активно се на сцена. Панк со уникатни прогресии, препознатлив после трета нота. Со три албуми, по еден за секоја деценија. Во секој нареден албум се чувствува музичката еволуција на бендот, но едно нешто е константа, а тоа е нивната идеологија и текстовите каде што се критикуваат сите црни страни на нашето корумпирано општество. Првиот обид не успеа, имаме нов датум и една работа е сигурна – Флкус никогаш не престанува…

 

Sun Shift – последниве неколку години со зголемената активност на сонцето и движењето кон соларен максимум, Битола стана енергетско поле и последицата е создавање нови бендови. Присутни на сите свирки од почетокот, оваа група на луѓе добива желба да направи бенд. Инспирирани од 1000mods, Kyuss, Alice in Chains, Black Sabbath, точно пред една година почнуваат да работат на нивни материјал кој добива форма на desert / grunge и нетрпеливо чекаат да го претстават на јавноста.

Sun Shift се:
Марко Крстевски – вокал
Стефан Апостоловски – гитара
Стефан Богдановски – гитара
Петар Јанули – бас
Горјан Толески – тапани

 

Карти во претпродажба по цена од 150 денари во Везилка. На врата 250 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.