Вечерва со почеток во 21:30 часот во кафе барот Агора во Куманово ќе може да го проследите нaстапот на бендот Errorr кој е во рамките на нивната европска турнеја.

Леонард Кааге ја искористи можноста да започне да создава на празно платно со сопствена инструментација, продукција и аранжмани во 2019 година. Првите демо снимки беа развиени во неговото студио, секогаш кога наоѓаше време помеѓу работа на снимање и турнеи во Европа, Азија и САД. По неколку месеци карактеристичниот звук на Errorr го најде својот облик: гласни гитари и фазиран бас поддржани од привлечни ритмови на тапани. Мекиот глас на Леонард го пресекува моќниот „Ѕид на звукот“ и го трансформира прекрасниот „ноиз“ во поп. Шведскиот мултиинструменталист е познат и како продуцент и гитарист на The Underground Youth, и има работено со многу други бендови како The Brian Jonestown Massacre, Kristof Hahn (SWANS), Tess Parks, The Blue Angel Lounge и многу други…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.