Сестрите Ким (42) и Кортни (44) Кардашијан веќе некое време не се во најдобри односи. Расправијата меѓу познатите сестри започна кога Ким ја обвини Кортни дека ја „копирала“ нејзината венчавка.

Минатата пролет, постарата сестра се омажи за музичарот Тревис Баркер (47) во италијанскиот град Портофино, а на нејзината свадба пееше и познатиот тенор Андреа Бочели (64). Ким се замерила на изборот на пејач на Кортни, бидејќи Андреа пеел на нејзината трета свадба, онаа со раперот Канје Вест (46).

Се омажив во Италија. Дали зборувам дека ме копираше за тоа? – праша Ким во новата епизода од нивното реално шоу „The Kardashians“.

Свадбата на Ким и Канје се одржа во 2014 година во Фиренца.

Instagram

– Кој настапи на мојата свадба? Андреа Бочели. Кој настапи на свадбата на Кортни? Андреа Бочели. Ми ја украдовте земјата на венчавката и мојот изведувач на свадбата – рекла бесната Ким и додала дека Бочели и е омилениот машки пејач.

24sata

Во екот на расправијата се огласи и славниот Бочели.

24sata

– Драги Ким и Кортни, поласкан сум што и двете толку многу го сакате мојот глас и со задоволство ќе ви пеам и на двете. Но, знаете дека постои помлад талентиран пејач Матео Бочели, кого вашата мајка Крис многу добро го познава – напиша Бочели.

Инаку, синот на Андреа Матео настапи со него на свадбата на Кортни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.