Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти.
Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море.
Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето – не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор.
Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел.
Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца.
Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.