Синоќа пред настапот на Бреговиќ настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“.

„Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“…и уште мнпгу други хитови, членовите на „Леб и сол“ ги изведоа заедно со бројната публика во салата „Јане Сандански“.

Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на „Леб и сол“, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.