БАРАЊАТА ЗА КОНЦЕРТОТ НА СТАДИОН НА АРМ НАЈСПЕЦИФИЧНИ ДОСЕГА!, велат организаторите.

6 – ТИ ЈУЛИ СТАДИОН НА АРМ

Драги наши,

Полека, но сигурно се приближува концертот на Grace Jones на Стадион на АРМ!

Grace и нејзинoто tour party, сочинето од 30тина луѓе, пристигнуваат во Скопје во петок, на 5 – ти јули.

Додека останатите заминуваат веднаш после концертот, Grace Jones oстанува во Скопје цели 3 дена, после што ја продолжува својата летна турнеја во Лондон.

Кога се нејзините барања и рајдер во прашање – oд изборот на вино, шампањ и морска храна, до техничките спецификации за звук и светло, слободно можеме да кажеме дека се работи за најспецифичниот и најдетален рајдер кој сме го имале досега!

Во превод, на 6 – ти јули ќе бидеме сведоци на сериозен визуелен и музички спектакл, приреден од страна на еден од најголемите “masters of stage” – Grace Jones!

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Се гледаме со Grace оваа сабота, на 6 – ти јули на Стадион на АРМ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.