Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата.

Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата.

Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме.

Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати.

И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката.

Оваа година ќе биде на 20 април, во Национална опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26 март, во чест на 27 март, светскиот ден на театарот.

Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти.

Во деновите што следат полека ќе ги обелоденуваме сите информации. Засега, можам да ви кажам дека со Дејан Пројковски вредно работиме и полека приказната добива лик.

И да, влезниците се пуштени во продажба на https://bileti.mk/e/GP2023



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.