Денес и утре во Public Room во Скопје, ќе се одржи третото издание на FreeFlow Weekend.

Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело. Имаме предвидено 3 Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања! Во сабота по работилниците не’ очекува after party, а во недела утрински ќе имаме отворена дискусија каде ќе зборуваме на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн. За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.

 

Програма:

Сабота 10.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА
11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ)
12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ)
– ПАУЗА
15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES)
21:30 ► PARTY

 

Недела 11.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик.
11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА
12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie
– ПАУЗА
15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување!

Се гледаме!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.