Филмскиот фестивал во Венеција годинава Златниот лав за животно дело го додели на иконата на францускиот филм Катрин Денев.

Долгогодишната врска на Денев со  фестивалот на Лидо почна во 1967, кога филмот на Буњуел „Убавица на денот“ – во кој таа играше буржоаска париска домаќинка која бара еротско ослободување преку работа со скратено работно време во бордел – го освои Златниот лав. Потоа Денев освои Копа Волпи за најдобра актерка за нејзината улога во „Плас Вендом“ на Никол Гарсија во 1998, а претседаваше со жирито на фестивалот во 2006.

Радост е да се добие оваа престижна награда на филмскиот фестивал во Венеција, која ја сакам и ја познавам долго време, откако филмот ‘Убавица на денот’ на Луис Буњуел го доби Златниот лав. Исто така, чест е да бидам избрана за оваа почест бидејќи Мостра ме пречекала толку често за толку многу филмови. Ви благодарам. Со пријателство“, рече 78-годишната актерка.
Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, рече дека е Денев е „неоспорен талент“ чии вештини и извонредна и префинета убавина ја направија „самото лице на француската кинематографија; безвременска дива; вистинска икона на големиот екран“.

Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир.

79. издание на Венеција ќе се одржи од 31 август до 10 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.