Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа.
Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време.
Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“.
Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика.
Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.
Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.
„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна.
Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник.
Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.
Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам.
Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.