Актерот Жарко Лаушевиќ пред неколку дена бил примен во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград, дознава „24седам“.
Нарушената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци кулминирала во последните неколку дена, поради што бил итно хоспитализиран, а како што дознаваат, во моментов е на дополнителни испитувања.
Извор близок на актерот за порталот „24седам“ изјавил дека Лаушевиќ без разлика на ситуацијата не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото, на која работел во Аранѓеловац.
Во текот на викендот му биле извршени итни анализи на крвта, а понатамошниот тек на лекувањето ќе биде одреден врз основа на наодите.
Изворот за „24седам“ додава дека веста за здравствената состојба на Лаушевиќ се чува во строга тајност, за да се избегнат шпекулации во јавноста. Токму поради приватност тој се наоѓа во апартман во болницата „Бежанијска коса“, каде што за него се грижат голем број лекари и друг медицински персонал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.