Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува на Ноќта на Оскарите  да се обрати преку видео врска. Церемонијата ќе се одржи во недела на 27 март во театарот Долби во Лос Анџелес, вечерта помеѓу недела и понеделник по македонско време.

Ова се навистина важни моменти во историјата на човештвото, и ние сме свесни за тоа – рече извршниот продуцент Вил Пакер за време на прес-конференцијата за Оскарите и додаде  – „среќни што успеавме да го организираме ова шоу“.

Пред неколку дена, Ејми Шумер, водителка на церемонијата заедно со Ванда Сајкс и Реџина Хол, предложи да му се даде простор на украинскиот претседател Володимир Зеленски со сателитска врска. Пакер не прецизираше дали идејата е прифатена или не, но објасни дека програата на настанот, до детали, се уште се дефинира.

Мила Кунис, која е Украинка и која заедно со нејзиниот сопруг Ештон Качер собраа 35 милиони евра за украинските бегалци, сепак треба да упати апел за време на шоуто.

Со свои размислувања за Украина ќе се обрати и Паоло Сорентино, чиј филм „Тоа беше Божја рака“ е номиниран за најдобар странски филм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.