Нетфликс објави дека новиот биографски, но „фикционализиран“ филм за Мерилин Монро, со кубанско-американската глумица Ана де Армас во главната улога, е завршен и ќе биде објавен на стрим-платформата оваа 2022 година. Tочниот датум на објавување не е соопштен.

Филмот за славната Норма Џин (со уметничко име Мерилин Монро), насловен „Русокоса“ (Blonde), доби назнака 17 плус. Во него глумат и Адриан Броди, Боби Канавејл, Каспар Филипсон како Џон Кенеди и др.

Режијата е на Ендрју Доминик, кој го напиша и сценариото врз основа на романот на Џојс Керол Оутс.

Ана де Армас деновиве е актуелна со филмовите „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“ и еротскиот трилер „Длабока вода“ во којшто глуми покрај поранешното момче Бен Афлек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.