На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.
Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.
Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.
Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.