Вториот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со култниот филм „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ на Жан-Пјер Жуне.

Кинематографер е французинот БРУНО ДЕЛБОНЕЛ, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2011 година, кој за овој филм беше номиниран за Оскар и ја освои наградата за најдобра кинематограферска работа на Европските филмски награди.

Среда, 6.3. во 20:00 во Кинотека и понеделник 11.3. во 20:00 во Центар за култура Битола.

Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов вид жаба.

ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ

НЕВЕРОЈАТНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН

(Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain)

Игран филм, Франција

2001, 154 мин., колор, 35 мм

Режија: Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet)

Сценарио: Гијом Лоран (Guillaume Laurant)

Улоги: Одри Тату, Метју Касовиц, Руфус, Лорета Кравота, Серж Мерлин (Audrey Tautou, Mathieu Kassovitz, Rufus, Lorella Cravotta, Serge Merlin)

Директор на фотографија:  Бруно Делбонел (Bruno Delbonnel)

 

Амели е млада Парижанка која поради низа несреќни околности во нејзиното детство се свртува кон фантазијата. Таа наоѓа задоволство во навидум бизарни, но всушност сосем обични работи. Како, на пример, фрлање камчиња по каналот Сан Мартан. Еден ден таа го наоѓа изгубеното богатство на непознато момче кое некогаш живеело во нејзиниот стан. Воодушевена од своето откритие, Амели решава да го најде овој млад човек и да го направи среќен. Така таа ја започнува својата мисија да ги исполни животите на луѓето околу неа со љубов и среќа. Додека им помага на другите, Амели сфаќа дека не е во состојба да си помогне себеси, дека е осамена и неостварена во љубовта. Таа се вљубува во Нино, млад човек со чудни интереси, со кого се обидува да воспостави контакт.

Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов  вид на жаба. Музиката за филмот ја компонираше Јан Тиерсен, а главната музичка тема на La Valse d’Amelie стана еден вид химна на градот Париз.

Подеднакво препознатлива е и кинематографијата на познатиот француски кинематограф и редовен соработник на Жан-Пјер Жене, Бруно Делбонел, со пријатните нијанси на зелената и црвената боја, како и прекрасните пејсажи на големиот град, со кои нè вовлекува во фантастичниот дух на Париз. Бруно Делбонел е еден од најеминентните современи светски кинематографи, кој освен со Жене има соработувано со режисерски имиња како Браќата Коен, Тим Бартон, Џо Рајт, Александар Сокуров.  Добитник е на  Специјалната награда Златна камера 300 на  ИФФК „Браќа Манаки“ во 2011 година за особен придонес во светската филмска уметност.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.