Амбасадата на Грција започнува циклус на проекции на грчки филмови со наслов „Запознавање/Getting to know each other”.

Целта на проекциите е да се претстават современите грчки филмови толку сакани од публиката во Грција и ширум светот.

Циклусот на проекции „Запознавање“ започнува со филмски tour de force, со извонредна фотографија и актерски изведби, МАЛА АНГЛИЈА (2013) на Панделис Вулгарис, еден од најистакнатите грчки режисери, кој заедно со покојниот Теодорос Ангелопулос, беа главните претставници на движењето на Новото грчко кино, кое стана светски познато во 1970-тите години.

6 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

МАЛА АНГЛИЈА(Little England/ Mikra Anglia) Режисер: Пантелис Вулгарис.

(Pantelis Voulgaris)Филмот „Мала Англија“ е романтична драма, која се одвива во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години на островот Андрос, наречен Мала Англија поради неговото богатство.

Базиран е на најпродаваниот роман на истакната грчка писателка Јоана Каристиани, и имаше успех и кај публиката и кај критиката. Филмот има добиено шест награди од Грчката филмска академија и наградата за најдобар филм на 17-тото издание на Шангајскиот филмски фестивал.

„Мала Англија“ е епска приказна за изгубената љубов и убава приказна за љубовта меѓу две сестри, сместена на грчкиот остров Андрос.

Ова е приказната за семејството Салтаферос. Мина е мајка која ги контролира животите на своите ќерки Орса и Моска. Орса, постарата од двете, е вљубена во Спирос Малтамбес, но нејзината мајка ја присилува да се омажи за друг маж. Сопругот на Орса е полн со љубов, но таа не може да го заборави Спирос, кој се оженува со личноста што Орса најмногу ја сака на светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.