Фестивалот на Југоисточна Европа, SEE FF 2024, годинава го имаше своето 14-то издание во Париз, 9-мо во Берлин, а по четврти пат и во главниот град на САД , Вашингтон.
Овогодишната богата програма од играни, документарни, кратки и анимирани филмови, предизвика голем интерес кај американската и европската публика.
Европското и Американското жири на фестивалот ги донесоа одлуките за добитниците на награди на фестивалот.
Американското жири во состав Партисија Корбет, претседател, Џеклин Хедингтон, Роман Костовски, наградата за најдобар игран филм му ја додели на филмот „Чуварите на формулата“ од Србија, во режија на Драган Бјлеогрлиќ, кој истотака ги понесе наградите за најдобар актер Алексис Маненти и Радивоје Раша Буквиќ и Најдобро сценарио (Вук Ршумовиќ, Огњен Свиличиќ, Драган Бјелогрлиќ), додека пак за најдобра актерка беше прогласена Даница Чурчиќ од црногорскиот филм Сирин.
Наградата за надобар краток филм ја доби „Кутии“, на младата македонска режисерка Ангела Димоска, за најдобар документарен филм беше прогласен црногорскиот „Шагаргур“ од Наташа Нелевиќ, додека пак за најдобар анимиран филм беше прогласен „Реконструкт “ (Габор Урлих, Унгарија).
Европското жири на фестивалот, за Париз и Берлин, во состав Фроса Пејоска-Бушро, претседател, Фредерик Фапани фон Лотринген, Ив Русле и Игор Станковиќ наградата за најдобар филм, истотака му ја додели на „Чуварите на формулата“, кој истовремено доби и награди за најдобра актерка (Ана Сера), најдобар актер (Алексис Мананти) и најдобра режија (Драган Бјелогрлиќ). Покрај тоа, награда за најдобар актер доби и Наум Шопов од бугарскиот филм „Без крилја“, за најдобра актерка Даница Чурчиќ (Сирин), најдобро сценарио Нина Огњановиќ („Овде ќе помине патот“) од Србија.
Наградата за документарен филм ја понесе македонскиот филм „Скршени синџири: враќање по ИСИС“ во режија на Сибел Абдиу“, за најдобар анимиран филм беше избран бугарскиот „Флип“, (Ивајло Бољаров), додека наградата најдобар краток филм ја понесе „Крадецот“ од Матео Пицокаро (Грција).
Гран при на Академија Балканика Еуропеана ја понесе српскиот филм „Светлост и сенки“ посветен на познатиот сликар Сава Шумановиќ (1896-1942) во режија на Драган Елчиќ.
Традиционалните награди за животно дело беа доделени на Желимир Жилник (SEE Legend 2024) од Србија, Енико Есењи (SEE ACTRESS 2024) од Унгарија, “Frédéric Rossif 2024“ и припадна на славната француска документаритстка Мари-Моник Робен, додека пак наградата Europa Prima 2024 ја доби Силвестр Клансие, Претседател на Академијата Маларме.
Оваа година за првпат беше доделна наградата „Светска визија за Македонија и Балканот“, која ја понесе познатиот бизнисмен Цветан Панделески, а наградата SEE Personality 2024 ја доби Костадин Костадинов, Градоначалник на Струмица.
Посебни претставувања на добитниците на наградите ќе бидат организирани оваа есен на универзитетот Пантеон Асас на Сорбона и во Нови Сад, првиот град на европската култура на Балканот.
Фестивалот се организира во соработка на универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин, Американ Јуниверсити од Вашингтон, како и издавачката куќа Пламен Прес, исто така од Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.