Актерот Милан Мариќ веќе еден месец е во среќна врска со Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ.

Милан ја запознал Миа за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, а чиј автор е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ- Бјела, пренесува „Блиц“.

Атрактивниот актер и убавата ќерка на Драган Бјелогрлиќ наводно се зближиле на новогодишна забава, а за љубовта не сакаат многу да зборуваат, па за нив знаат само најдобрите пријатели.

Нивната љубов цвета, велат блиски до овој млад пар и уживаат во секој момент од врската. И велат дека тато Бјела е среќен со новиот зет!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.