Том Хенкс откри дека за малку ќе умрел додека го снимал еден од неговите најпознати филмови, култниот класик Бродолом од 2000 година.
Хенкс го играше Чак Ноланд во една од неговите најпрепознатливи улоги, човек кој мора да преживее на пуст остров откако авионот со кој патуваше се урна и преживеа. Но, Хенкс речиси со својот живот го плати снимањето на тој филм. Тој за Би-Би-Си изјави дека исекотина на ногата му се заразила, поради што итно бил префрлен во болница.
„Завршив во болница поради филмот. Бев таму три дена поради нешто што, верувале или не, за малку ќе ме убиеше“, рекол тој.
„Мислев дека тоа е обична рана, но докторот само погледна и рече дека треба да одам во болница веднаш пред инфекцијата да ми ја отруе крвта и пред да умрам“, додаде тој.
За среќа, Хенкс успешно се опорави и е еден од најуспешните и најсакани актери на денешницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.