Том Хенкс даде големо интервју за Њујорк Тајмс во кое, меѓу другото, се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Лангдон.

Филмовите „Кодот на Да Винчи“ „Ангели и демони“ и „Инферно“ се во режија на Рон Хауард врз основа на книгите на Ден Браун, а Хенкс го игра главниот лик во сите три филма.

Иако ја играше најважната улога во трилогијата, славниот актер нема ништо убаво да каже за овие филмови.

„Кодот на Да Винчи“ е измама. Целата трилогија е измама. Да речеме дека Ден Браун напиша „Еве една скулптура во Париз ! Не, сè е таму. Гледате како изгледа овој крст на мапата? Па, тоа е повеќе или помалку крст, рече Хенкс за адаптацијата.

Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата, заклучил тој.

Тој се присетил и на една анегдота од познатиот париски музеј.

Снимавме таа вечер во Лувр. Ги пресоблеков панталоните пред Мона Лиза. Ми ја донесоа роденденската торта во Големиот салон! Кој друг може да се пофали со тоа?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.