Холивудскиот актер Том Хенкс открил дека го продава својот „Fiat 126p“, популарен кај нас како „пегличка“, а целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.

Хенкс својот автомобил го добил пред 6 години на подарок додека работел во Будимпешта.

Додека престојувал во тој град, актерот не криел колку е воодушевен од „Fiat 126p“, па жителите на полскиот град Бјелско-Бјала, поттикнати од акцијата на сограѓанката Моника Јасколска, за роденден му подариле еден реставриран примерок од ова возило од 1974 година.

За возврат, Хенкс донирал пари во болницата во која работела Јасколска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.