Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои се повлекува од филмскиот свет. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за зборување, за подоцна да му биде дијагностицирана и ретка форма на деменција.
Сепак, странските медиуми пренесуваат дека славниот актер наскоро би можел да се најде на филмското платно, што ги израдува неговите многубројни обожаватели. Според пишувањата, познатиот режисер Квентин Тарантино наводно сака да му даде улога на Брус Вилис во неговото ново дело. Тарантино веќе добро се подготвува за новиот филм „Филмски критичар“, а Брус ќе има помала улога во оваа продукција.
Иако Тарантино, наводно, сè уште не го контактирал семејството на актерот, тој планира да ја почитува нивната одлука доколку кажат дека Вилис е премногу лошо за да учествува во филмот. Во тој случај, во филмот ќе вметнат снимки од некои претходни дела на Вилис.
Неодамна неговата поранешна девојка Марија Браво проговори за состојбата на Вилис:
„Се влошува и се влошува. Не е добро. Зборував со неговата сопруга Ема и за жал, тоа е прогресивна болест. Му испраќам многу позитивна енергија и љубов“, изјави Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.