Тамара Котевска доби награда за трајни вредности во документаристиката, на годинешното 14. издание на Меѓународните награди за документрани филмови на турската државна телевизија ТРТ во Истанбул, Турција. Котевска, која има 2 номинации за Оскар за документарецот „Медена земја“, беше и членка на жирито во интернационалната програма, а одржа и мастерклас на тема „Номинација за Оскар и преминување на границите на документаристиката“.

Ја ценам нашата долга соработка со ТРТ, која што продолжува. ТРТ беше првата филмска институција која ѝ додели награда на ‘Медена земја’ уште како дело во развој на Сараевскиот филмски фестивал 2017 година, таа беа првата што ја препозна нашата работа во многу рана фаза кога оваа поддршка беше клучна за снимањето на филмот. ТРТ го поддржа и мојот прв игран филм ‘Човек против јато’ кој е во претпродукција“, објави Котевска на Фејсбук велејќи дека наградата ѝ била прекрасно изненадување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.