Судија од Ново Мексико одлучи дека Алек Болдвин сепак ќе оди на суд ова лето, пишуваат странските медиуми.
На Алек Болдвин му се суди за убиство од небрежност, а тој ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен за убиството. За време на снимањето на филмот „Rust“ во 2021 година, актерот ја застрелал камерманката Халина Хачинс со реквизит во кој имало вистински куршум. Обвинителите рекоа дека Хана, операторот на реквизити, не успеала да го обезбеди оружјето и да се увери дека е наполнето со лажни куршуми.
Судењето на Болдвин треба да започне на 9 јули, а се очекува да трае околу две недели, пишува Deadline.
На Болдвин ќе му се суди за смртоносното пукање на снимателката Халина Хачинс во 2021 година додека го снимаше вестернот „Rust“. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.
Хачинс почина кога репликата на револверот Colt 45 со кој Болдвин вежбаше во црква пред Санта Фе испука вистински куршум што исто така го рани и режисерот Џоел Соуза.
Неодамна, дизајнерката на реквизитите за филмот „Rust“, Хана Гутиерез-Рид, беше осудена на 18 месеци затвор поради смртта на Халина Хачинс. Во март беше прогласена за виновна за убиство од небрежност. Сепак, таа беше прогласена за невина за манипулација со докази. Казната што ја доби е максимална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.