Фондацијата Шоа, основана од американскиот режисер Стивен Спилберг, објави дека започнува проект за документирање на злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври во јужен Израел, покрај сведоштвата за холокаустот и досега се собрани 130 изјави на луѓе кои го преживеале нападот на палестинската милитантна група.

Спилберг не бил директно вклучен во собирањето податоци, но обезбедил силна поддршка, објави „Тајмс оф Израел“. Спилберг рече дека никогаш не верувал дека ќе види „толкаво неискажливо варварство кон Евреите во својот живот“. Тој, исто така, изјави за Фокс њуз дека е шокиран од насилството што Хамас го изврши врз Израелците, како и од бранот антисемитизам низ светот во последните два месеци.

Фондацијата Шоа ја има најголемата колекција на видео-сведоштва во светот на евреите кои го преживеале Холокаустот и други сведоци. Фондацијата со седиште во САД сега работи со тимови во Израел за да ги собере извештаите на очевидците за масакрот на Хамас на 7 октомври, кога околу 3.000 терористи влегоа во Израел од Појасот Газа и убија околу 1.200 Израелци, главно цивили, и зедоа повеќе од 240 заложници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.