Лоши вести доаѓаат од домот на Брус Вилис.

Семејството на холивудската легенда на почетокот на оваа година откри дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, болест која го принудила да ја заврши кариерата.

Сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис е задолжена да ја информира публиката за состојбата на актерот, а последните вести не се добри.

Сопругата на Брус потврди дека неговата состојба „не се лекува“ и дека болеста „напредувала“.

На својот Инстаграм профил таа зборуваше и за тоа колку болеста на актерот влијаела врз неа.

На нејзиниот „ѕид“ се изгледа сјајно, но…

„Знам дека изгледа како да го живеам мојот најдобар живот. Морам да вложувам свесен напор секој ден за да го живеам мојот најдобар живот. Го правам тоа за мене. Го правам тоа за нашите две деца. И за Брус , кој не би сакал да живеам поинаку. Значи, не. Не сакам да биде погрешно протолкувана. Но, не ми е добро“, искрено рекла Ема.

„Морам да дадам се од себе за семејството. Кога не се грижиме за себе, не можеме да се грижиме ниту за оној што го сакаме“, заклучила Ема.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.