Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровчанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август.
Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс.
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео
. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.
Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.
Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни
филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни
филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио,
Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор
на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на
својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ
и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен
ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку
театарски претстави.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.