Вил Смит му се извини на Крис Рок за инцидентот на Оскарите, кога му удри шамар на сцената, опишувајќи го своето однесување како неприфатливо и неоправдано. Во исто време, Академијата за филмска уметност и наука кажа дека би можела да преземе мерки против Смит, иако одземањето на Оскарот, што му беше доделен набргу потоа, не е спомнато.
„Академијата не одобрува насилство во која било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти оскаровци, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните колеги и љубители на филмот ширум светот“.
„Сакам јавно да му се извинам на Крис. Претерав и тоа беше погрешно“, изјави Смит.
View this post on Instagram
Тој се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што го удри и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.
„Насилство во секоја форма е отровно и уништувачко. Моето однесување беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на нечија сметка се дел од нашата работа, но шегата за медицинската состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно“, напиша Смит на Инстаграм.
Џејда има алопеција, односно опаѓање на косата од 2018 година. Алопеција може да се појави каде било на телото, но најчесто се појавува на главата и тоа повеќе кај мажите. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонски промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.